ДЗС доби нов пилот, обезбедена е согласност за вработување на уште двајца

t

Во новата година Дирекцијата за заштита и спасување се засилува со уште еден професионален пилот. Се работи за пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала вклучително и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ“ 21, „сухој“ 25 и борбени хеликоптери „Ми“ 17 и „Ми“ 24 како и со различни типови спортски авиони.

Во неговата армиска кариера, Малезански, има извршувано повеќе должности вклучително и командант на „Воздухопловниот винг“ на Армијата. Истовремено е инструктор за летање и пробен пилот. Инаку, во договор со директорот на ДЗ, Стојанче Ангелов, пензионираниот полковник, Роберт Малезански, прифати да ја прекине воената пензија и професионално да се вработи во ДЗС како раководител на авио-одделението, пилот и дел од најтесниот кабинет на директорот Ангелов.

Заедно со полковникот, полковник Малезански, ДЗС во 2026 година влегува со пет (5) пилоти од коишто три (3) се професионално вработени во авио-одделението на ДЗС и два (2) пензионирани пилота се со договор на дело.

Во оваа прилика, ДЗС ги информира сите потенцијални кандидати за пилоти на „ер трактори“ дека ДЗС од Министерството за финансии обезбеди согласност за вработување на уште два пилота. Заинтересираните кандидати можат да добијат детални информации од полковникот Малезански. Огласот ќе биде објавен дополнително.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС доби нов пилот, обезбедена е согласност…

Во новата година Дирекцијата за заштита и…

Живееме подолго, но сме помалубројни: повеќе умрени…

Очекуваниот животен век во Македонија минатата година…

Секој петти граѓанин е сиромашен!

Во 2024 година, стапката на сиромашни лица…

ДЗС: Апел за заштита од пожари до…

Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално…

Мал авион се урна во близина на…

Денес околу 16:55 часот, мал спортски авион…