Над 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја
Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици илјади домаќинства останаа без струја по нападот врз електричната мрежа, објави ДПА.
Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во саботата останаа без струја откако беа запалени високонапонски кабли што ги поврзуваат со електрана. Берлинските власти веруваат дека левичарските активисти се одговорни за палењето.
Околу 19.500 домаќинства и околу 1.000 бизниси сè уште се без струја, а операторот на системот „Стромнец Берлин“ (Stromnetz Berlin) изјави дека прекинот може да трае до четврток бидејќи поправките се сложени.
Полицијата, пожарникарите и војниците се распоредени во погодените области за да им помогнат на оние кои не можеа да најдат засолниште кај роднини или пријатели во други делови од Берлин. Температурите во градот паднаа под нулата.
Болниците можеа да продолжат да работат благодарение на генераторите за итни случаи и струјата сега е обновена. „Стромнец Берлин“ соопшти дека струјата е вратена и во 72 од 74 домови за стари лица.
Во отворено писмо објавено онлајн во неделата, левичарската екстремистичка група Вулкангрупе (Вулканска група) соопшти дека успешно ја саботирала електраната на гас Лихтерфелде.
Групата соопшти дека нејзината главна цел е да ја таргетира индустријата за фосилни горива, истакнувајќи дека „нејзините дејствија доведоа до прекини на електричната енергија во побогатите области Ванзе, Зелендорф и Николаусзе“.
„Им се извинуваме на помалку богатите жители на југозападен Берлин“, се наведува во писмото.
Берлинските власти изјавија дека веруваат оти писмото е автентично, а градоначалникот Каи Вегнер рече дека го смета нападот за терористички чин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…
Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на…
Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на…
Касиерката држена како заложник 11 часа во…
Германската полиција упадна во супермаркет во Берлин…
Во шума кај Берлин пронaјден мртов бизнисмен…
Градежниот претприемач Исмет К., кој беше киднапиран…
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…