Иран погуби човек осуден за шпионажа за Израел

t

Иран погуби човек обвинет за шпионажа за Израел, објави иранскиот судски медиум Мизан, наведувајќи дека станува збор за Али Ардестани.

Според Мизан, Ардестани бил осуден на смрт за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, на која наводно имал „чувствителни информации од Иран“, објави „Тајмс оф Израел“.

Смртната казна е извршена по одобрението на Врховниот суд и е извршена во согласност со законските процедури.

Егзекуциите на Иранци осудени за шпионажа за Израел значително се зголемија оваа година, по директната конфронтација меѓу двата регионални непријатели во јуни, во услови на 12-дневна војна во која израелските и американските сили ги нападнаа нуклеарните постројки на Иран, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…

Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…

Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…