„Ало, сестра ти скрши нога, итно требаат пари“: Баба од Штип му дала 700.000 денари на лажен доктор

t

Старата и добро позната шема со „лажен лекар“ и наводна итна операција на близок роднина, вчера повторно профункционира, овој пат во Штип, каде жртвата претрпе огромна финансиска штета.

На 7 јануари, точно на Божиќ, 77-годишна штипјанка во полиција пријавила дека била измамена за сума од 700.000 денари. Драмата започнала со телефонски повик од непознато лице кое се претставило како лекар. Тој со вознемирен глас ѝ соопштил дека нејзината сестра итно е примена во болница со тешка скршеница на ногата и дека е неопходна операција со вградување на скапи шипки.

Водена од страв за животот на сестрата, жената поверувала во приказната. Според пријавата, таа во неколку наврати ги носела парите на договорено место и му ги предавала на измамникот. Измамата била откриена дури подоцна, кога во домот на старицата дошла нејзината внука. Тие ѝ се јавиле на „постраданата“ сестра и сфатиле дека таа е жива и здрава и дека немало никаква несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…