ЗНАМ: Тоа што Филипче бега од лидерска средба е признание на слабост и страв

t

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба, како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата, се наведува во соопштението од ЗНАМ, што го пренесуваме интегрално.

„За жал, денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, уште еднаш покажа дека оваа партија предводена токму од него, нема ниту капацитет, ниту волја за конструктивен политички дијалог, туку единствено нуди говор на поделби, навреди и неосновани обвинувања.

Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници.

Наместо одговорност за сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада како последен штит од соочување со граѓаните.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија се залага за целосно и непречено функционирање на институциите, за одговорно носење одлуки и за изнаоѓање конкретни решенија кои се исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

На Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не бегање од одговорност и блокади. Потребен е отворен и искрен дијалог, а не уцени икалкулации, како и јасна определба за иднината, наместо одржување на стравови и манипулации.

Иницијативата за лидерска средба е можност сите релевантни политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните.

Одбивањето на дијалог е признание за слабост.

Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како клучни предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…