Лажен лекар измамил 77-годишен човек за 430.000 денари

t

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Како што е пријавено, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка , по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Поверувала дека е во врска со Барон…

Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…

Откриена голема измама во 15 европски земји:…

Властите од 15 земји разбија голема криминална…

(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…

„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…

Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…

Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…