Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во Кран-Монтана, бара донации за погребот

t

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето.

На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните.

„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи.

Трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи, додаваат од друштвото.

Александра Ивановска (мајка на Стивен)

Жиро сметка за Македонија: 300057104118092 Комерцијална банка

Како што претходно објавија од Македонското друштво, погребот беше вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во станбена зграда во Штип, две…

Министерството за внатрешни работи информира дека 02.01.2026…

Пожар во угостителски објект во Струмица –…

Струмичката пожарна информираше дека вчера (15.10.2025) во 17:50 часот, ТППЕ…

Три лица се сомничат за предизвикување пожар…

Лишени од слобода три лица во Прилеп…

ЦУК: Во пожарот кај Батинци активирани сите…

Локализиран е пожарот во село Батинци, општина…

Воздухот во Трубарево не е загаден со…

Министерството информира дека просечните концентрации на ПМ10…