Поглаварот на МПЦ-ОА г. Стефан приреди традиционален божикен прием за државниот врв

t

Традиционален божикен ручек за државниот врв приреди поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божикните празници и својот именден, денеска на трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Како што соопштија од МПЦ-ОА, на божикната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, како и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Фејсбук напшиша дека на поглаварот му посакала добро здравје, духовна сила и долг век во служењето: во мир, со мудрост и човекољубие, водејќи ја Црквата по патот на слогата, дијалогот и духовното издигнување на народот.

– Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината, се наведува во информацијата за божикниот ручек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…