Трамп отвора нов фронт? Куба остана без венецуелската нафта и влегува во најтешка криза
Отстранувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро сериозно ја погоди Куба, која со децении се потпираше на Каракас како клучен политички и економски сојузник. Хавана остана без евтината венецуелска нафта што го одржуваше нејзиниот енергетски систем, а аналитичарите предупредуваат дека евентуално американско ембарго би можело дополнително да ја продлабочи најтешката економска криза на островот во последните децении.
Кубанските власти соопштија дека 32 кубански државјани загинале за време на американската операција во Каракас, каде што, според официјалните информации, тие биле дел од безбедносните структури поврзани со Мадуро. Загубата на Венецуела, велат експертите, ја остава Куба во исклучително ранлива позиција.
Според политикологот Берт Хофман од Германскиот институт за глобални и регионални студии, Венецуела обезбедувала околу 70 проценти од вкупниот увоз на нафта на Куба, што ја прави зависноста речиси апсолутна. „Овие испораки се крвотокот на кубанската економија“, истакнува тој.
Во ваков контекст, администрацијата на Доналд Трамп испраќа сигнали дека Куба би можела да стане следна точка на притисок, не преку директна воена интервенција, туку преку економско и енергетско задушување. Потенцијална поморска блокада или целосно прекинување на венецуелската нафта би имало разорен ефект врз секојдневниот живот на Кубанците.
И покрај тоа, експертите не очекуваат масовни протести. Стравот од неизвесноста по евентуален пад на режимот, како и долгогодишната контрола врз општеството, засега ја држат владејачката елита сплотена. Според Хофман, дури и дополнително влошување на животниот стандард не мора нужно да доведе до бунт, туку може да резултира со уште поголема пасивност кај населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп отвора нов фронт? Куба остана без…
Отстранувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро сериозно…
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да…
Кои фирми лапнаа пари останува тајна: Државата…
Државата го потроши речиси целиот дел од…
Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на…
Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на…
Македонија трпи штети од грчките блокади
Испораката на стоки доцни, растат и цените…