Македонското МНР го осуди инцидентот со кршењето на стакло на Амбасадата на Бугарија во Скопје

t

Министерството за внатрешни работи информираше дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот

Македонското МНР го осуди инцидентот во кој денеска непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“,велат од МНР

Претходно од Министерството за внатрешни работи информираше дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот.

Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи реагираше остро, оценувајќи го инцидентот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на меѓународните норми.

Од Софија побараа брза и ефикасна истрага, како и гаранции за безбедноста на нивното дипломатско претставништво во Скопје, најавувајќи дека внимателно ќе го следат развојот на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…

Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…

Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…