Објавено на:

(Видео) На еден или друг начин, Гренланд ќе биде наш – Нивната одбрана е две санки со кучиња!

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да го преземат Гренланд, а не да го купуваат, тврдејќи дека на арктичката територија ѝ недостасува соодветна одбрана.

Во разговор со новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ во неделата вечерта, Трамп беше прашан за Гренланд и дали САД ѝ дале понуда на Данска да ја преземе територијата.

„Не сум го направил тоа. Во основа, нивната одбрана е две санки со кучиња. Го знаете тоа?“, рече Трамп. Американскиот лидер додаде дека САД треба да го земат Гренланд.

„Ако не го земеме Гренланд, Русија или Кина ќе го земат. Нема да дозволиме тоа да се случи, тоа влијае на НАТО. Но, знаете, тие имаат потреба од нас повеќе отколку што ни требаат тие – ви го кажувам тоа сега“, рече тој.

Тој повтори дека има руски разорувачи и подморници насекаде, како и кинески. Американскиот претседател додаде дека неговата администрација не зборува за краткорочен закуп на Гренланд, туку исклучиво за негово преземање како данска територија, објави „Фокс њуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Во октомври „Лајка“ заловила и третирала 173…

Во текот на октомври службите на „Лајка“…

Мајка бара итна реакција од институциите откако…

Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…

Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…

Военото присуство на САД на Гренланд ќе…

Трамп објави нова мапа на Truth social:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…