Изграсани новите членови на Судски совет
Професорката Арлинда Кадри Шакиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска се новите членови на Судскиот совет. Пратениците во законодавниот дом денеска го изгласаа изборот на двете кандидатки кои беа предложени од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.
Таа пред народните избраници ги образложи нејзините предлози и објасни дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност. Од собраниската говорница порача и дека реформите во судството почнуваат токму во Судскиот совет.
Судскиот совет е рентгенот, микроскопот. Во Судскиот совет треба да седат луѓе кои може да оценуваат врз основа на тоа што го имаат како квалификација но и врз основа на интегритетот и дигнитетот. Јас верувам дека двете кандидатки не ги предложивз аради тоа што се жени а јас веламд ека навистина е потребно да се смени светот на управувањето туку прво и пред се заради нивната стручност и компетентност.
Дел од пратениците од опозицијата гласаа против предлогот на претседателката Сиљановска Давкова. Пратеничката од Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека се сомневаат во искреноста на претседателката за нејзиниот избор бидејќи како што рече нејзините дејствувања секогаш биле на линија со политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние за оваа точка на дневниот ред за гласањето за избор на два члена ќе гласаме против. Имаме наши дилеми и двоумења за искреноста на целиот овој процес. Имајќи предвид дека на почеток ставовите на претседателката и нејзините дејствувања секогаш биле на линија со политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски за предложените кандидатки од страна на претседателката на државата Сиљановска Давкова рече дека не се сомнева во нејзиниот избор.
Кандидатите на претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. Претседателката е, пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци, кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со долгогодишна академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН и МИТ Универзитет, а во јавноста е позната и како поранешен член на Комисијата за помилување. Сузана Јошевска-Анастасовска е адвокатка и долгогодишен правник. Претходно, таа за Телевизија 24 рече дека понудата да биде предлог за член на Судскиот совет ја прифатила со сериозна одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изграсани новите членови на Судски совет
Професорката Арлинда Кадри Шакиновиќ и адвокатката Сузана…
Над 8.500 дозволи за работа за странци…
Вкупно 6.128 странски државјани добиле дозволи за…
Печалбарите повикаа на официјална средба со премиерот…
Јавна средба со премиерот Христијан Мицкоски, директорката…
Со нож ја избодел сопствената мајка во…
На 12.01.2026 во Полициската канцеларија Богданци, полициски…
Трамп на „Truth Soсial“ се претстави како…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својата…