Француските земјоделци со трактори на втор протест во Париз

t

Француските земјоделци синоќа по втор пат за една недела донесоа трактори во Париз за да протестираат против трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, за кој велат дека го загрозува локалното земјоделство со создавање нелојална конкуренција со поевтиниот увоз од Јужна Америка, пренесува Франс24.

Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во Европската Унија, и други земји-членки протестираат со месеци поради договорот меѓу ЕУ и Меркосур и мноштво други локални прашања.

Француските земјоделци држеа транспарент на кој пишува „Селскиот бунт се врати во Версај!“.

Дамиен Грефин грчки земјоделец и потпретседател на FNSEA, едн од најголемите земјоделски синдикати во Франција, рече дека покрај протестот пред францускиот парламент, тие планираат да протестираат и пред Европскиот парламент во Стразбур на 20 јануари.

Одобрувањето на договорот со Меркосур од страна на повеќето земји-членки на ЕУ во петокот, и покрај отфрлањето од страна на Франција, го засили притисокот врз владата од страна на земјоделците и опозициските партии, од кои некои поднесоа барања за недоверба.

„Земјоделството поминува низ криза каква што никогаш не сме виделе и треба да се слушнеме“, рече Гијом Лефорт, земјоделец од Сена и Марн во парискиот регион, држејќи знаме на FNSEA пред зградата на парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француските земјоделци со трактори на втор протест…

Француските земјоделци синоќа по втор пат за…

Трендафилов: На кого му одговара македонските квалификувни…

На кого му одговара македонските квалификувни работници…

Дводневен штрајк на таксистите во Грција

Рано утрово, таксистите во цела Грција започнаа…

ДУИ останува на барањето за предвремени парламентарни…

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, синоќа…

Пијан татко сексуално ја вознемирувал својата малолетна…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…