ЕУ не му верува повеќе на Трамп – Се погласни се идеите за директни преговори на ЕУ со Путин за иднината на Украина
ЕУ речиси целосно ја губи довербата во намерите на Вашингтон во однос на решавањето на руската агресија на Украина поради што се погласно во Брисел се слуша дилемата дали да се отворат директни канали на комуникација со рускиот претседател Путин. Принципиелно тој за ЕУ е воен злосторник и до сега никој немаше намера да седне со него на преговарачката маса. Но од друга страна недовербата на Брисел кон Вашингтон, особено по речиси континуирано непријателските изјави на Трамп кон ЕУ во Брисел директни разговори со Путин се наметнуваат како нужност.
Оваа опција јавно ја соопштија францускиот претседател Макрон и италијанската премиерка Мелони. Нивната иницијатива според извори на ЕК добива се поширока поддршка меѓу земјите членки на ЕУ.
Според дипломатите и официјалните претставници, на ЕУ, неодамнешниот притисок на Францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премирека Џорџија Мелони да започнат разговори со Кремљ доби на сила и во Брисел и во европските метрополи. Главната цел на притисокот е да се осигура дека црвените линии на ЕУ нема да се преминат и да му сигнализира на Вашингтон дека континентот има своја моќ.
„Има некои прашања за кои не може да се разговара само со САД како посредник со оглед на тоа што тие прашања имаат директни импликации врз нашата безбедност како Европејци”, изјави висок претставник на ЕУ за Полтико. Според него ова би било порака и до Вашингтон. „Пораката до Вашингтон е исто толку важна, како и пораката до Москва”
Запрашана за овие иницијативи главната портпаролка на Европската комисија Пола Пињо, инсистираше на тоа дека е потребно уште малку време пред да се влезе во формални дискусии. „Очигледно, во одреден момент, ќе мора да има разговори со Путин… За жал, не гледаме знаци на ангажман од страна на претседателот Путин… така што се уште не сме таму, не, во одреден момент би се надевале дека навистина ќе има такви разговори”, изјави Пола Пињо.
Можеби наскоро ќе бидеме во позиција, кога ќе треба да разговараме со Путин”, рече еден европски дипломат од северноевропска земја. „Важно е Европејците во преговарачкиот прецес да и дадат до знаење на Русија, дека како ЕУ нема да дозволиме да победат во оваа војна”. Друг претставник на ЕУ рече дека Американците можат да ги туркаат своите решенија колку што сакаат, но „нивните планови ќе зависат од Европејците”, кои ќе треба да бидат на преговарачка маса, на овој или оној начин.
Во некои земји членки веќе се отвори и распарава за тоа кој би бил европскиот преговарач кој ќе седне на масата со Путин во име на ЕУ. Италијанскиот сенатор и владин потсекретар Џованбатиста Фандлари – влијателен сојузник на Мелони, чија украинска сопруга е заслужна за создавањето поддршка за Киев во десничарската коалиција на Мелони за преговарач го предложи поранешниот италијански премиер Марио Драги.
Финскиот претседател Александар Стуб исто така изрази интерес за оваа улога. Сепак на оваа одлука ќе и треба време со оглед на тоа што на пример Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас со поддршка на Берлин се спротивставуваат на оваа иницијатива. За Калас и Берлин многу е поважно да се зајакнат одбранбените капацитети на ЕУ кој блокот би го наметнале како многу посериозен фактор во целиот процес. Сепак идејата е ставена на маса и наскоро сите земји членки ќе треба да се изјаснат за оваа идеја по што би отпочнале и формалните дискусии во Советот на министрите кога иницијативата за директни разговори со Путин ќе треба да добие поконкретни контури.
Борјан Јовановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ не му верува повеќе на Трамп…
ЕУ речиси целосно ја губи довербата во…
Трифонов до Македонија: „Ќе ја гледате ЕУ…
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков…
(Видео) Француските земјоделци протестираат против договорот ЕУ-Меркосур,…
Француските земјоделци возеа трактори околу Триумфалната капија…
Медведев: Побрзајте или Гренлад може да посака…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Дали Европа е подготвена за војна?
Целосната инвазија на Русија во Украина, во…