Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека денес, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот совет.
На оваа седница се разговараше опширно за актуелните политички случувања во земјата, односите и релациите со другите политички партии, како и за најавената средба на политичките лидери.
Генералниот совет, со целосен консензус, донесе одлука претседателот Али Ахмети да учествува на средбата на лидерите, со што уште еднаш се потврдува дека Демократската унија за интеграција останува сериозна, одговорна и државотворна политичка партија, која континуирано го негува политичкиот дијалог и се залага за градење консензус околу клучните политички и економски прашања во земјата.
Во рамките на своите статутарни надлежности, претседателот Ахмети ќе има ексклузивна надлежност за отворање и третирање на теми кои се од витално и стратешко значење за државата, а кои се однесуваат на европската перспектива, политичката стабилност и одржливиот економски развој.
Воедно, Генералниот совет на Демократската унија за интеграција упатува повик до сите политички партии во земјата кои се блиски до визијата на ДУИ, како и до интелектуалните, општествените и професионалните капацитети, да ѝ се приклучат на Демократската унија за интеграција и да станат дел од нашиот политички формациски состав.
ДУИ останува отворена за инкорпорирање и апсорбирање на целиот интелектуален и политички потенцијал во земјата, со цел унапредување на политиките и визијата што се во интерес на државата и на сите граѓани без разлика.
Оттука, овој повик е упатен до сите политички субјекти, општествени, интелектуални и професионални асоцијации, да станат дел од Демократската унија за интеграција и од нашата заедничка визија за стабилна, демократска и развиена држава, стои во соопштението на ДУИ испратено до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…