Македонија СДСМ: Сопственикот на фирмата што добила 51 тендер од владејачката партија бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ
Антикорупцискиот тим на СДСМ обвини дека фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници добила вкупно 51 тендер во вредност од 16 милиони евра, е поврзана со владејачката партија. Според наводите на СДСМ, сопственик на фирмата е извесен Петар Доновски, кој, како што велат оттаму, бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на Избирачко место 2680 во Аеродром.
„По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник. Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание? Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери. Ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите, тогаш што е? Уште ли ќе чекаат Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција?“, изјави Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конференција.
Од опозициската партија велат дека со случајот се открива и поврзаноста на тендерите и избирачкиот процес.
„Ако некој што бил во Избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори без контролни механизми од опозицијата? Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада – затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата“, велат од СДСМ и додаваат дека техничката влада мора да остане.
ВМРО-ДПМНЕ вчера ги одби како неосновани обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека фирма блиска до власта добила 51 тендер во општини раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека опозиционерите не понудиле ниеден доказ за незаконско постапување за случајот што го посочуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија СДСМ: Сопственикот на фирмата што добила…
Антикорупцискиот тим на СДСМ обвини дека фирмата…
Техеран предупреди дека ќе ги нападне американските…
Техеран ги предупреди земјите во регионот дека…
Кочоска: „Мој ДДВ“ останува
По вчерашната изјава на директорката на УЈП,…
Почна лидерската средба – Филипче не се…
Во Клубот на пратениците започна лидерската средба…
Последните зборови на младиот фотограф од Охрид…
„Ангелите можеби не доаѓаат секогаш кога ги…