Лавров: САД го уништуваат светот

t

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека САД го „растураат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.

Лавров истакна дека САД го фрагментираат меѓународниот систем преземајќи, како што рече, нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканувајќи му се на Иран со напад.

„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за американската операција за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, сојузникот на Русија.

Лавров посочи дека САД му штетат на сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. 

„Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на таков начин“, рече Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.

Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставниците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров рече дека Путин постојано изјавува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.

„Би било корисно доколку Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, рече Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: САД го уништуваат светот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска…

ЕУ не му верува повеќе на Трамп…

ЕУ речиси целосно ја губи довербата во…

Дали Европа е подготвена за војна?

Целосната инвазија на Русија во Украина, во…

САД воведуваат царини од 25% за земјите…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил…

Трамп: Зеленски нема адути, ме има само…

Владимир Зеленски никогаш немал никакви адути. Тој…