Израел постхумно ќе го одликува Чарли Кирк
Израел постхумно ќе го одликува активистот Чарли Кирк за неговиот придонес во борбата против антисемитизмот.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека Кирк постхумно ќе ја добие наградата на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, која ќе се одржи во Ерусалим кон крајот на јануари.
Се очекува на конференцијата да присуствуваат голем број политичари, вклучувајќи го и албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.
Ова ќе биде втор пат Израел да биде домаќин на конференцијата, а израелската влада соопшти дека конференцијата е „посветена на борбата против антисемитизмот и негирањето на холокаустот“, пренесува Нова.рс.
Кирк беше цврст поддржувач на Израел, а по неговото убиство, Нетанјаху рече дека Кирк е „пријател на Израел кој имаше срце на лав“ и „бранител на јудео-христијанската цивилизација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…