Рама го критикуваше Јавниот сервис: „Сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство“

t

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира, пренеува порталот „Shqiptarija“.

Рама нагласи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформми во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство.

Премиерот на Албанија го критикуваше долгорочното функционирање на РТШ, наведувајќи дека јавниот сервис е неуспешен и оти неговото работење е полошо од помалите комерцијални телевизиски станици со помал буџет. Тој додаде дека не ја следел програмата на РТШ од 1990 година и оти претходно им дал можност на директорите да ја подобрат својата работа, но без успех.

Здружението на новинари на Албанија реагираше на изјавите на албанскиот премиер, оценувајќи дека неговата реторика „ги стигматизира јавните медиуми“ и предлага драстични решенија што „сериозно би го загрозиле медиумскиот плурализам и уредничката независност“.

Здружението повика на длабинска реформа на РТШ преку дијалог со експерти и граѓанското општество, почитувајќи ги европските стандарди за слобода на медиумите.

Здружението нагласи дека РТШ е институција од јавен интерес, која мора да гарантира непристрасно информирање, култура, образование и еднаков пристап до граѓаните.

Екстремните опции како што се затворање или приватизација, посочија тие, сериозно би го загрозиле правото на јавноста на информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…