Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам – мислам дека беше заинтересиран да слуша

t

Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“.

Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно.

„Разговарав со Трамп и му кажав што мислам. Зголемувањето на царините против нациите што одлучија да придонесат за безбедноста на Гренланд е грешка, и не се согласувам со тоа“, рече Мелони.

Италијанската премиерка додаде дека за споменатите царини разговарала директно со Трамп.

„Мислам дека беше заинтересиран да слуша, но ми се чини дека пораката која доаѓа од оваа страна на Атлантикот не беше доволно јасна за Америка“, изјави таа, без да открие како Трамп реагирал на нејзините зборови.

Мелони посочи дека веројатно дошло до „проблем во разбирањето и комуникацијата“ меѓу Европа и САД околу одлуката на неколку европски држави да распоредат ограничен број војници на Гренланд.

Таа нагласи дека таа одлука не треба да се толкува како „антиамериканска“ и додаде дека „дијалогот мора да продолжи, а ескалацијата да се избегне“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони: Му се јавив на Трамп и…

Иако Италија можеби не е меѓу земјите…

САД убија лидер поврзан со Ал Каеда…

Американската војска соопшти дека убила „лидер поврзан…

Шпанскиот премиер: Американска инвазија на Гренланд би…

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална…

Калас: Само Кина и Русија имаат корист…

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, направи…

„Политико“: Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор…

Пратениците во Европскиот парламент нема да го…