На Владата и текна… Ќе се бришат невработени, ќе се увезуваат работници

t

Ќе се бришат невработени од евиденцијата на Агенцијата за вработување кои, според Владата, формално се водат како без работа, а фактички се активни на пазарот. Со законските измени, државата најавува „чистење“ на списокот од луѓе кои се дел од сивата економија, со цел официјалната стапка на невработеност за прв пат да се спушти под 10%. Најавата доаѓа по бројните реакции во јавноста за новата квота од 10 илјади работни дозволи за странци, во услови кога на хартија има околу 90 илјади невработени. Сепак, засега останува отворено прашањето како институциите ќе ги идентификуваат оние што работат на црно.

Бизнис-заедницата подолг период алармира на недостиг од работна сила, особено во градежништвото, транспортот и дел од преработувачката индустрија. Работодавачите велат дека и покрај огласите и повиците, тешко доаѓаат до работници, поради што увозот на странска работна сила се наметнал како нужно решение за одржување на економската активност. Токму затоа, Владата завчера ја зголеми квотата на 10 илјади работни дозволи за странци за годинава. Поголем дел од овие работници се ангажирани во градежниот сектор, пред сè на изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10Д. Опозицијата, пак, со остри критики. Од Левица велат дека со одлуката за 10 илјади работни дозволи за странци, Владата свесно ја жртвува иднината на македонските работници, градејќи модел на евтина увезена работна сила што ги притиска платите, ги девалвира трудот и ја става државата во служба на крупниот капитал, наместо да создаде услови за задржување на домашното население.

„Увозот на работници е и геополитичка операција. Со истата логика, ќе се отвораат вратите за масовен прилив на мигранти од Британија, за што веќе најавија тамошните медиуми. Додека македонските граѓани заминуваат во странство да работат како луѓе од втор ред, Владата на ДПМНЕ се подготвува Македонија да ја претвори во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми.“

Премиерот Мицкоски тврди дека оваа квота е резултат на барањата на стопанските комори и работодавачите и дека оваа бројка не отстапува ако се спореди со бројките од минатите години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Владата и текна… Ќе се бришат…

Ќе се бришат невработени од евиденцијата на…

Македонија во луда драма ремизира со Португалија…

Ракометната репрезентација на Македонија водеше голема битка…

Македонците бараат поништување на одлуката на албанската…

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата…

Костова за предложениот закон: Глупаво решение без…

Оштра Реакција на Предлогот за Залог на…

Брисел го активира тајното оружје против Трамп!…

Една од опциите што ги разгледуваат европските…