(Видео) Голема полициска акција во Батинци доцна вечерва
До редакцијата на Инфомакс простигнаа снимки од голема полициска акција која доцна вечерва се одвива во скопско Батинци.
Инфомакс побара и одговор од МВР од каде накусо посочија дека се работи за акција по добиена информација дека во објектот се наоѓа лице барано по потерница барано за тешки кривични дела.
-По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница за тешки кривични дела. Активностите продолжуваат на терен со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лицето од висок интерес, велат од МВР.
Според информациите на Инфомакс во обејктот имало само жени и лицето не е пронајдено. Неофицијално при претресот е повредена и една жена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…