Камбовски: Нема стигнато барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов

t

„До овој момент нема пристигнато никакво барање за одземање на имунитетот” е краткиот одговор на претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски за порталот „Трилинг“, на прашањето дали и кога Судскиот совет ќе заседава во врска со можноста за одземање на имунитетот на судијата Судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра соѕидани во ѕид.

Засега надлежните институции немаат одговор каде се наоѓа судијата Ристов.

До овој момент за Ѓоко Ристов се нема побарано притвор. За тој да заврши зад решетки потребно е Судскиот совет да донесе одлука за симнување на имунитетот.

Минатата недела во Апелациониот суд – Скопје пријавил дека е болен и заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе, тврдат извори од судот.

Судијата е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, како и за корупција и трговија со влијание. Претресот е дел од поширока истрага која се води од декември 2025 година, а започна откако беше осомничен адвокатот Фехми Стафа за примање награда за противзаконито влијание. Од Обвинителството информираат дека предметот се води интензивно, без прекин, и дека станува збор за една од најопсежните постапки досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…