ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж и жена пронајдени починати во два одделни случаи – истрага во тек
Две лица, маж и жена, биле пронајдени починати во нивните домови во два одделни случаи што во текот на вчерашниот ден биле пријавени во полиција.
Првиот случај бил евидентиран на 18 јануари 2026 година околу 16:00 часот, кога во Полициското одделение Јегуновце било пријавено дека во семеен дом во селото Јегуновце, тетовско, е пронајдена почината С.С. (76), жителка на истото село.
На местото интервенирала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, која констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Неколку часа подоцна, втор случај бил пријавен во 22:15 часот во Полициското одделение Ростуше. Според пријавата, во дом во селото Скудриње, гостиварско, бил пронајден починат Ш.Ш. (55) од истото село.
Лекар од Здравствениот дом Ростуше ја констатирал смртта, исто така без видливи знаци на насилство. По наредба на јавен обвинител, и неговото тело било дадено на обдукција.
Надлежните институции работат на расчистување на двата случаи, а повеќе информации се очекуваат по добивањето на резултатите од обдукциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Маж и жена…
Две лица, маж и жена, биле пронајдени…
(Видео) Американците почнаа да патролираат со пушки…
Поради најавите на Трамп за распоредување на…
Рама: Албанија нема да плати милијарда евра…
Албанскиот премиерот Еди Рама денеска на Х…
Трамп: Европа треба да се позанимава со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги критикуваше…
ХАОС НА ПОПОВА ШАПКА: Метална санка влетала…
Вознемирувачки инцидент се случил на една од…