Објавено на:

Околу 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија

t

Министерот за внатрешни работи на Сирија денес изјави дека околу 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако курдската веб-страница „Рудауд“ објави дека 1.500 избегале, повикувајќи се на портпарол на Сириските демократски сили (СДФ).

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите специјални сили и единици на сириската армија влегле во градот Шадади по пробивот и заробиле 81 бегалец. Потрагата по преостанатите бегалци продолжува, пишува „Ројтерс

Претходно, армијата ги обвини Сириските демократски сили, инаку под водство на Курдите, за ослободување на милитантите на Исламска држава, со оглед на тоа што затворот во градот на истокот од земјата е под нивна контрола.

По неколкудневни борби со владините сили, СДФ во неделата се согласија да се повлечат од Рака и Деир ал-Зор, две провинции со арапско мнозинство кои ги контролираат со години и во кои се наоѓаат главните нафтени полиња во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…

Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…

Гутереш повика на укинување на сите санкции…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Трамп одлучи да го поништи статусот на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…

Макрон во посета на Сирија, ќе се…

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…