ИТНА СЕДНИЦА: Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ристов

t

Судскиот совет на Република Северна Македонија зa денеска, 20.01.2026 година (вторник), закажа итна 535-та седница со почеток во 15:30 часот.

Единствена точка на дневниот ред е расправата и одлучувањето по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на судија и одобрување на предлогот за куќен притвор.

Оваа итна одлука доаѓа откако Основното јавно обвинителство достави предлог за мерки за обезбедување до Кривичниот суд. Судијата на претходна постапка веднаш испрати известување до Советот, бидејќи одземањето на имунитетот е законски предуслов за да може да се продолжи со постапувањето по барањето за куќен притвор.

Случајот против Ристов беше отворен по акцијата во Неготино, каде во куќа на неговите родители беа пронајдени околу 350.000 евра соѕидани во ѕид. Судијата официјално се води на боледување од минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…