Одземен имунитетот на судијата Ристов, одобрен куќен притвор и суспензија!
На денешната итна седница, Судскиот совет со 10 гласа „за“ донесе одлука за одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Со оваа одлука истовремено е одобрен предлогот на Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка куќен притвор.
Дополнително, членовите на Советот едногласно одлучија судијата Ристов времено да биде оддалечен од вршење на судиската функција.
Судијата се товари за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари“.
Акцијата следува откако полицијата пронајде 350.000 евра заѕидани во ѕид во домот на неговите родители во Неготино.
Покрај куќниот притвор, ОЈО побара и привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за издавање нова.
Постапката ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде нагласуваат дека постои основано сомневање дека пронајдените пари се незаконски стекнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…