Азевски контра одлуката на владата за увоз на странски работници
Домашни, наместо странски работници. Ова е изборот на првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески, во врска со одлуката на Владата да се зголеми квотата за увоз на работна сила.
Според Азески, лошото образование во земјава е причина што немаме стручен кадар, па се повеќе се потребни работници од надвор. Сепак, ова се луѓе, чија цел не е Македонија, туку некоја поразвиена земја од нас, вели тој.
Во време кога во земјава се регистрирани околу 90 илјади невработени, Владата ја зголемува квотата за странски работници на 10 илјади дозволи за годинава. Бизнисмените тврдат дека бројот на невработени не е реален, оти многу малку од нив се јавуваат на огласите за пополнување на работните места во домашните компании.
Согласно ова, пред два дена премиерот Мицкоски најави дека ќе се бришат невработени од списокот на Агенцијата за вработување, кои, како што рече, се дел од неформалната економија, со што за прв пат бројот на невработени ќе биде под 10%. Од друга страна, Азески решението го гледа на друго место.
Стопанската комора не е против зголемување на минималната плата, но тоа морта да биде врзано со порастот на продуктивноста на работниците и намалувањето на трошоците на работодавците, вели Азески, кој го повтори ставот дека за ова треба договор меѓу сите засегнати страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…