АНБ: Сериозниот финансиски и економски криминал и високата корупција, се едни од најсофистицираните и најопасни форми на поткопување на стабилноста на државата

t

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) смета дека финансиската безбедност и борбата против високата корупција се прашање на национална безбедност затоа што, како што велат оттаму, сериозниот финансиски и економски криминал, како и високата корупција, претставуваат едни од најсофистицираните и најопасните форми на поткопување на стабилноста на државата, институциите и довербата на граѓаните и притоа како пример ги посочуваат предметот поврзан со сериозен финансиски и даночен криминал со значителна штета по државниот буџет, како и оној поврзан со сомнежи за висока корупција во правосудниот систем, во кој е пронајдена и одземена значителна парична сума.

-Современите безбедносни закани одамна не се ограничени само на класичните ризици по уставниот поредок или територијалниот интегритет. Денес, сериозниот финансиски и економски криминал, како и високата корупција, претставуваат едни од најсофистицираните и најопасните форми на поткопување на стабилноста на државата, институциите и довербата на граѓаните. Агенцијата за национална безбедност, покрај својата примарна улога во заштитата на националната безбедност, системски ги следи и анализира и појавите поврзани со организиран финансиски криминал, висока корупција и ризици по финансиската и институционалната стабилност на државата. Токму ваквиот пристап овозможува навремена детекција на сложени и често прикриени закани со сериозни долгорочни последици, се наведува во денешното соопштение од АНБ.

Како што велат од Агенцијата, во изминатиот период, преку засилени оперативни и аналитички капацитети, унапредена меѓуинституционална соработка и проактивен разузнавачки пристап, АНБ детектирала повеќе случаи со сериозни безбедносни и институционални импликации.

-Во таа насока, врз основа на информации на Агенцијата, надлежните институции постапуваат во предмет поврзан со сериозен финансиски и даночен криминал со значителна штета по државниот буџет. Паралелно со тоа, се постапува и во предмет поврзан со сомнежи за висока корупција во правосудниот систем, во кој е пронајдена и одземена значителна парична сума. Овие два предмета јасно покажуваат дека сериозниот финансиски криминал и високата корупција не се само прашање на поединечни кривични дела или буџетска штета, туку директна закана за институционалниот интегритет, владеењето на правото и безбедноста на државата, велат од АНБ.

Агенцијата за национална безбедност нагласува дека нејзината улога во ваквите случаи е навремено разузнавачко и аналитичко дејствување – препознавање на ризиците, нивна анализа и доставување на информации до надлежните институции, кои понатаму постапуваат согласно своите законски овластувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…