Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ

t

Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции, велат од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ).

Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Давос, а Владата се уште нема информирано.

Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.

Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите? Дали на Владата толку и требаат пари што и се брза преку посредници да ги осигура, прашуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…