Објавено на:

Трамп во Давос: Да не бевме ние, ќе зборувавте германски

t

Во својот говор на Светскиот економски форум, Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа, ги фалеше економските перформанси на САД и ја оживеа идејата за набавка на Гренланд.

„Нема да употребам сила, но го сакам Гренланд итно. Преговорите мора да започнат веднаш, сакам таму да изградам Златна купола!“, порача американскиот претседател.

На кандскиот премиер кој со својот говор зачуди многумина (види: Земајте пуканки, Давос почна) му порача: „Канада постои благодарејќи на нас. Знај го тоа следниот пат кога ќе даваш изјави“.

„Во историјата сме купиле бројни земји… Нема ништо лошо во тоа“.

Деновиве Трамп неколкупати го мешаше Гренланд со Исланд, забележа Телеграф.

„Ја сакам Европа и сакам да оди во добар правец, ама, не оди. Не можам да ја препознам Европа, во негативна смисла“.

Трамп ја потсети Данска дека во Втората светска војна падна брзо и дека САД ја спасиле и неа и Гренланд. „Без нас денес ќе зборувавте германски и по малку јапонски“ рече Трамп и се пожали дека Данска е неблагодарна за она што САД го имаат сторено за неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп во Давос: Да не бевме ние,…

Во својот говор на Светскиот економски форум,…

Орце Ѓорѓиевски го прогласи Скопје за исчистено:…

Градоначалникот на Скопје,Орце Ѓорѓиевски, го прогласи главниот…

Здружение на судии: Поддршка за борба против…

Здружението на судии на Република Северна Македонија…

Мицкоски во Давос ќе се сретне со…

СДСМ во денешното соопштение обвинува дека премиерот…

Изгореле канцеларии на српското обвинителство каде се…

Неколку простории што беа оштетени во пожарот…