Автобус на ЈСП удрил во пешак
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска, 22 јануари 2026 година, околу 12 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Според пријавата, автобус на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје на линија број 4 удрил во 55-годишната Д.П. од Скопје. Повредената била пренесена во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, каде што првично ѝ биле констатирани телесни повреди.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…