Левица: Со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ продолжува да го стимулира иселувањето на младите
Левица денеска објави дека изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната. Според партијата, Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како подружница на олигархијата. Според Левица, „со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ продолжува да го стимулира иселувањето на младите, коешто се обидува да го надополни преку увоз на „странски работници“.
-Додека соработниците на Мицкоски носат одлуки за покачување на сметките за струја, вода, парно, комуналии, детски градинки, здравствени услуги и дозволуваат неконтролирана инфлација на основните намирници, сѐ повеќе вработени остануваат на работ на егзистенцијата, а вработување никому не му гарантира бегство од сиромаштија. Третата европска економија остана на дното по износот на минималната плата и остана во категоријата сиромашни држави.
Со самото тоа што Христијан Мицковски и Владата не дава поддршка за зголемување на минималната плата јасно е дека буџетската каса е празна дури и за тековните обврски кон вработените. Отсуството од преговори за минимална плата и префрлање на истите со работодавачите од приватниот сектор е само маска и дефокус од реалната состојба на буџетот кој владеачката ВМРО – ДПМНЕ не само што го испразни, она што остана од претходната власт, туку и продолжи со кредитни задолжувања и еврообврзници, порачуваат од таборот на Димитар Апасиев и додаваат дека бараат итно и неодложно зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците, затоа што тоа е единствената алатка која гарантира егзистенција на обичниот човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…