Инцидент во Кичево – нападнати полициски службеници при сообраќајна контрола
Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници за време на сообраќајна контрола во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година, околу 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево. Полициски службеници запреле патничко возило марка „БМВ“, управувано од А.А.(31) од Кичево.
При контролата, возачот А.А. и неговиот сопатник Б.М.(20), исто така од Кичево, најпрво упатувале вербални навреди и закани кон полицајците, по што преминале и на физички напад врз службените лица кои извршувале редовни службени задачи.
По настанот, лицата биле приведени, а против нив ќе следуваат соодветни пријави по целосно расчистување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидент во Кичево – нападнати полициски службеници…
Две лица од Кичево се лишени од…
Побаран притвор за кумановец кој во автомобилот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за…
Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…
Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…
Трамп: САД ја преземаа нафтата од запленетите…
Соединетите Американски Држави ја презеле нафтата која…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме…
Под силен емотивен притисок и со порака…