АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна – казни од 618.000 евра, поднесени 8 кривични пријави
Наместо на трпезите на граѓаните, 355 тони храна лани завршила на депонија и била уништена како небезбедна. Небезбедно месо, млеко,риби, јајца, пијалаци, во тони нашле при контролите на внатрешниот пазар, но и на увозот инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство .Вкупната сума на изречени парични казни била 618.000 евра. Од АХВ велат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик-објектите со повисок ризик биле контролирани почесто.
„Одземена и нештетно уништена беше храна и тоа месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалоци во вкупна количина 355.377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618.000 евра во денарска противвредност“, вели Миланов.
Само во внатрешниот промет, во 47.200 контроли инспекторите издале 5.406 решенија, изрекле 1.073 прекршочни платни налози. А биле поднесени и 10 прекршочни и 8 кривични пријави.
Спроведени биле и 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.
„Како небезбедни уништени беа осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник. Како небезбедни во рамки на овие контроли, уништени беа и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм. Во истиот временски период како небезбедни вратени беа 16 пратки со храна од животинско потекло“, рече Миланов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ лани уништила 355 тони небезбедна храна…
Наместо на трпезите на граѓаните, 355 тони…
АХВ лани уништила над 355 тони небезбедна…
Ветеринари и инспектори за храна на Агенцијата…
77 милиони само за храна нѐ чинат…
Согласно податоците кои се достапни на веб-страницата…
Изречени казни од 40.000 евра од страна…
Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е…
Шербет наместо мед, храна со поминат рок,…
Шербет што се продавал како мед, маслиново…