Левица: 14,4 милиони за патни трошоци за пратениците, аспарагус и приватни авиони – данок од над 2,2 милиони за донациите собрани преку „Супорт Кочани“

t

Информацијата дека државата наплатила 2.274.285 денари данок од донациите собрани за повредените и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани е брутален доказ за целосниот морален и политички распад на власта на ДПМНЕ, велат од партијата Левица

Владата која ветуваше помош веднаш по трагедијата, не исплати ниту денар државна поддршка. Наместо обештетување, континуирана рехабилитација и институционална грижа – семејствата се оставени сами, а повредените зависеа и зависат од хуманоста на граѓаните.

И кога граѓаните ја презедоа улогата на државата, режимот на Мицкоски им удри данок и на солидарноста.

Истата таа власт која троши милиони на луксуз, патни трошоци, партиски вработувања, нема проблем да им земе пари на луѓе кои собираат средства за лекување на деца. Во 2025 година, само пратениците инкасирале 14,4 милиони денари за патни трошоци, но за жртвите од трагедија – нема ниту еден денар, напротив, има данок.

Арогантниот однос на Мицкоски се развива, а потребата за финансиска помош по трагедијата ја релативизираше со изјави од типот „колку чинат животите на вашите деца“, повикуваше на веселење и зборување за убави работи, а на лидерската средба, кога лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, повторно го отвори ова прашање – Мицкоски како алиби ја пушти формулацијата дека објектот бил „приватен“ и нема што државата да се меша!

Тоа покажува дека оваа власт нема ниту политичка, ниту пак човечка одговорност.

Во Македонија се губат животи поради корупција, а власта наместо одговорност, грижа, реформи – испорачува даночни решенија.

Ова е политичка перверзија. Држава што ги оданочува солидарноста и хуманоста, а ги субвенционира сопствените привилегии и луксуз, ја изгубила секоја морална легитимност да зборува за грижа за народот.

Ова арогантно вмровско управување е режим во кој солидарноста се казнува, проблемите и болката се игнорираат, а буџетот се полни на грбот на најранливите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…