Панчевски, Раичевиќ, Ристоска, Савевски, Тополова-Исајловска – потврдени пет кандидати за наследник на Коцевски, рокот истекува на полноќ

t

Пет пријави досега пристигнале на огласот за републички јавен обвинител на Република Северна Македонија на адреса на Собранието. Бројката ја потврдија од собраниските служби. Кандидатура поднеле Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот Крвичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раиќевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд, Ненад Савевски и актуелната в.д. републичка јавна обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ. Тоа значи дека во текот на денот уште некој кој претендира да ја добие оваа функција има можност да се пријави.

Поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка. На неговото место како вршител на дејноста беше избрана Анита Тополова-Исајловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија за блокадите на камионџиите од…

Европската комисија е запознаена со блокадите што…

Ѓорѓиевски: Наместо застарениот концепт на „зелен бран“…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно…

Сите на улица! Синдикатите се обединуваат: Вработените…

Вработените од јавниот сектор со поддршка до…

Попладнево во Македонија екстремни дождови, најавени се…

Попладнево Македонија влегува во нестабилен метео-период со…