Објавено на:

Унгарија најави тужба против Брисел поради забраната за увоз на руски гас

t

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, објави дека Унгарија ќе покрене судска постапка пред Судот на правдата на Европската Унија штом официјално ќе биде објавена одлуката за планот REPowerEU.

„Унгарија ќе поднесе жалба до Судот на правдата на Европската Унија и ние ќе ги искористиме сите правни средства за да ја поништиме оваа одлука“, рече Сијарто во објава на американската социјална мрежа X, тврдејќи дека планот REPowerEU се базира на „правен трик“.

„Тоа е спротивно на правилата на ЕУ“
Според него, мерката за санкции била претставена како одлука за трговска политика за да се избегне принципот на едногласност, што, според него, е спротивно на правилата на Европската Унија. „Тоа е целосно спротивно на правилата на ЕУ. Договорите се јасни, одлуките за енергетскиот микс се одговорност на земјите-членки“, нагласи Сијарто.

Тој додаде дека забраната за купување нафта и гас од Русија на Унгарија би била спротивна на националните интереси и би довело до значително зголемување на трошоците за енергија за унгарските семејства.

REPowerEU е енергетска стратегија на Европската Унија. Ова е стратешки план усвоен од Европската комисија како одговор на енергетската криза предизвикана од руската инвазија на Украина, со цел намалување на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива и забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија најави тужба против Брисел поради забраната…

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…

Руте: Украина ја очекува најтешката зима

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Стопанска комора: Проблемот со системот ЕЕС да…

Стопанската комора смета дека решавање на проблемот…

Кој од кого да се плаши: Скопјанец…

Дваесет и деветгодишен државјанин на Камерун бил…

Колку чинеше учеството на премиерот Мицкоски во…

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски,…