Трамп: Куба наскоро ќе се распадне
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „Куба наскоро ќе се распадне“, наведувајќи дека Венецуела, некогаш главен снабдувач со нафта на островот, неодамна престанала да испраќа нафта или пари во Куба, пишуваат светските медиуми.
„Куба наскоро ќе се распадне. Куба е навистина нација која е многу блиску до колапс. Знаете, тие порано добиваа пари од Венецуела. Тие порано добиваа нафта од Венецуела. Тие веќе не ја добиваат“, изјави Трамп за новинарите, пренесува Ројтерс.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави на почетокот на јануари дека Вашингтон нема морално право да наметнува договор на Куба, откако Трамп предложи властите на комунистичкиот остров да постигнат договор со САД. Соборувањето на комунистичката влада на Куба, која е на власт од кубанската револуција во 1959 година, е „100 проценти настан од 2026 година“ во очите на американската администрација, објави претходно американскиот Политико, повикувајќи се на добро информирани извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Куба наскоро ќе се распадне
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека…
Најмалку 20 жртви од снежната бура што…
Најмалку 20 лица го загубија животот како…
Обама: Убиствата во Минеаполис се повик за…
Убиството на Алекс Прети е трагедија што…
Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност поради…
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел вчера повика на…
Зеленски: Договорот за безбедносни гаранции од САД…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјавил дека…