Стотици туристи евакуирани поради пожар во хотел во скијачки центар на француските Алпи

t

Десетици луѓе беа евакуирани откако пожар синоќа зафати луксузен хотел со пет ѕвезди во познатото скијалиште Куршевел, во француските Алпи.

Пожарот избувнал околу 19 часот на поткровјето на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“, соопшти префектурата на регионот Савоја. Според првичните информации, нема повредени лица.

Од хотелот биле евакуирани повеќе од 90 гости и членови на персоналот. Поради ризик од понатамошно ширење на пожарот, утрово бил евакуиран и соседниот хотел „Le Lana“, во кој престојувале околу 200 гости. Евакуираните биле сместени во други објекти во скијалиштето.

На терен интервенирале 131 пожарникар, а гаснењето на пожарот продолжило и во текот на ноќта, бидејќи огнот сè уште не бил целосно ставен под контрола.

Безбедносните мерки во регионот се засилени, особено по трагичниот пожар во бар во швајцарското одморалиште Кранс-Монтана за време на новогодишната ноќ, кога загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени, меѓу кои и голем број тинејџери.

Надлежните служби најавија дополнителни проверки на безбедносните стандарди во туристичките објекти во зимските центри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…