(Мапа) ЕУ со зголемено производство на нуклеарна енергија, Франција е рекордер!
Во 2024 година, 12 земји од ЕУ со производство на нуклеарна електрична енергија генерираа 649 524 гигават часови (GWh) електрична енергија, што претставува зголемување од 4,8% во споредба со 2023 година. Ова беше втора година по ред со зголемување на производството по намалувањето во 2022 година (609 255 GWh).
Нуклеарните електрани учествуваа со 23,3% во вкупното производство на електрична енергија во ЕУ. Најголемиот нуклеарен производител во ЕУ, Франција, генерираше 58,6% од нуклеарната енергија на ЕУ (380 451 GWh). Следеше Шпанија со 54 510 GWh (8,4%), пред Шведска (50 665 GWh; 7,8%) и Финска (32 599 GWh; 5,0%).

Во споредба со 2023 година, производството на нуклеарна електрична енергија најмногу се зголеми во Франција (+12,5%), по што следуваат Шведска (4,5%) и Словенија (+4,2%). Другите производители на нуклеарна електрична енергија регистрираа просечно намалување од 4%, кое варираше помеѓу -0,6% во Словачка и -10,3% во Холандија. Германија беше втор најголем производител во ЕУ до 2021 година, откако целосно го прекина нуклеарното производство во април 2023 година. Земјите на ЕУ кои најмногу се потпираа на нуклеарна електрична енергија во 2024 година беа Франција (67,3% од целата произведена електрична енергија) и Словачка (61,6%). Во Унгарија, Бугарија, Белгија, Финска и Чешка, околу 40% од целата произведена електрична енергија беше нуклеарна. Спротивно на тоа, само 2,9% од електричната енергија произведена во Холандија доаѓаше од нуклеарни централи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) ЕУ со зголемено производство на нуклеарна…
Во 2024 година, 12 земји од ЕУ…
Анкета: Сѐ повеќе граѓани се за членство…
Поддршката за членството на Северна Македонија во…
Стотици туристи евакуирани поради пожар во хотел…
Десетици луѓе беа евакуирани откако пожар синоќа…
Доларот падна на ниво од пред четири…
Доларот се сруши на нивоа од пред…
171 милион евра од ЕУ за Западен…
Европската комисија објави поддршка во износ од…