Аирлија амнестија на функционерите: Сиљановска веќе ги потпишала измените на Кривичен законик
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги потпишала измените на Кривичниот законик кој вчера беше изгласан во Собрание, а за којшто експертската јавност имаше низа забелешки особено за кривичните дела и санкциите за функционерите, а Платформата за граѓански организации испрати допис до претседателката и побара да стави вето на измените.
Сепак Сиљановска го потпишала и објаснуваше дека има забелешки во делот на казните за функционерите, но дека ова го смета само транзициско решение, а од предлагачите на измените, од владата добила гаранции дека до јуни ќе биде донесен новиот Кривичен законик кој со години го работи работната група.
-Ако ги анализирам решенијата во однос на измените од 2023 година кои беа катастрофални, ова е чекор напред. Не се сите добри, очекувам дека нов Кривичен законик, знам дека на него работи квалификувана група и претставници од ЕУ и дека ова е транзициско решение. Она што е важно во моментов е дека „Безбеден град“ нема да може да функционира ако не е пропратено со решенија што значат санкционирање на сите повреди она што беше воведено во Законот за прекршоци, кривичните дела за безбедноста. Ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни во сообраќајот, жртвите, заштитата на жените тоа ми е многу битно. Во поглед на построгите критериуми, подобро квалификуваните дела врзани за злоупотреба на службената положба ќе го толерирам ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичен законик. Според мене тој ќе биде клучен во судските реформи и сметам дека треба да биде донесен час поскоро. По разговори со предлагачот, со владата и по барање гаранции, ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и одолговлекување на Кривичниот законик – рече Сиљановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аирлија амнестија на функционерите: Сиљановска веќе ги…
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги…
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…