Обединетите Нации се пред банкрот
Во писмо до амбасадорите на сите 192 земји членки, шефот на Обединетите нации предупредува дека ова тело е на раб на финансиски крах доколку не се платат давачките.
Пари за редовниот оперативен буџет на ОН може да снема веќе во јули. Иако Гутереш не именуваше ниту една земја во писмото, финансиската криза доаѓа откако САД, традиционално најголемиот донатор, не ги платија своите задолжителни давачки кон Обединетите нации.
„Или сите земји-членки ќе ги почитуваат своите обврски за целосно и навремено плаќање, или мора фундаментално да се ревидираат финансиски правила за да се спречи неизбежен финансиски колапс“, рече тој.
Алармот доаѓа неколку недели откако Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се наложува повлекување на САД од 66 меѓународни организации, вклучувајќи 31 ентитет на ОН, сметајќи ги за „спротивни на интересите на САД“.
САД сега должат 2,196 милијарди долари во редовниот буџет на ОН, вклучувајќи 767 милиони долари за оваа година и претходните години, а должат и 1,8 милијарди долари за посебниот буџет за мировните операции на ОН.
Втора земја на листата за неплаќачи членарина е Венецуела, која должи само 38 милиони долари. Таа со ваков долг веќе го изгуби правото на глас во Генералното собрание поради две години заостанување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…