Иран кон Вашингтон: Ако нападнете, ќе има регионална војна
Иран денеска го засили предупредувањето до Вашингтон, заканувајќи се со регионална војна доколку САД започнат воена акција, објавија светските медиуми.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека доколку американските сили го нападнат Иран, последиците ќе се прошират низ целиот Блиски Исток.
„Американците треба да знаат дека ако започнат војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна“, беше цитиран 86-годишниот лидер.
Техеран одделно предупреди дека секоја воена акција на САД наредена од американскиот претседател Доналд Трамп ќе предизвика одмазда против Израел и американските сили стационирани низ целиот регион.
Трамп минатата недела изјави дека Иран „сериозно разговара“ со Вашингтон, алудирајќи на континуирани дипломатски контакти дури и додека тензиите растат.
Европа беше исто така издвоена кога претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, вчера изјави дека Техеран сега ги смета сите армии на ЕУ за терористички групи.
Овој потег доаѓа откако ЕУ го означи Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда како терористичка организација поради нејзиното насилно задушување на протестите низ целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…
Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…