Голем штрајк денеска во Германија: Јавниот превоз со масовни доцнења и откажувања

t

Денеска, понеделник 2 февруари, Германија е зафатена од голем штрајк во јавниот превоз, откако синдикатот Verdi повика на 24-часовен прекин на работата во комуналните претпријатија за локален транспорт.

Патниците кои користат автобуси, трамваи и подземна железница треба да се подготват за масовни доцнења и целосни откажувања во бројни германски градови, јавуваат германските медиуми.

Штрајкот се одржува во рамки на тековните колективни преговори на национално ниво, а според најавите, во погодените претпријатија сообраќајот може целосно да запре.

Обустaвата на работа ќе се одржи во сите сојузни покраини, освен Долна Саксонија, каде што сè уште е на сила обврската за социјален мир, што законски го исклучува правото на штрајк.

Штрајкот опфаќа околу 150 транспортни претпријатија, меѓу кои:

  • MVG во Минхен
  • BVG во Берлин
  • Hamburger Hochbahn и VHH во Хамбург

Синдикатот преговара во име на речиси 100.000 вработени во локалниот јавен превоз и бара подобри услови за работа, пократка работна недела и сменски распоред, подолги периоди за одмор и повисоки додатоци за ноќна и викенд работа

Во одделни покраини, како Баварија, Бранденбург, Сарланд и Тирингија, дополнително се преговара и за зголемување на платите.

Германската железница Deutsche Bahn соопшти дека возовите ќе сообраќаат без ограничувања.
Штрајкот не ги опфаќа: S-Bahn линиите во Берлин, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Келн, Нирнберг и регионот Рајн-Мајн и регионалниот и меѓуградскиот железнички сообраќај

Возачите на автомобили се советуваат да планираат повеќе време за патување и, доколку е можно, да ги прилагодат маршрутите. Се очекуваат сообраќајни застои и гужви, особено во утринските и попладневните шпиц-термини.

Како алтернатива на јавниот превоз се препорачуваат: изнајмување автомобили, велосипеди и електрични тротинети

Паралелно со ова, синдикатот Verdi најави и предупредувачки штрајк на вработени во службите за одржување на патиштата во југоисточниот дел на Долна Саксонија. Засегнати се регионите Волфенбител, Гослар и Гандерсхајм, каде што се очекуваат ограничувања во зимското одржување и затворени тунели. Овој штрајк ќе трае од 2 до 4 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем штрајк денеска во Германија: Јавниот превоз…

Денеска, понеделник 2 февруари, Германија е зафатена…

Пред 81 година во најстарата гимназија во…

Основана пред 169 години во 1857 година,…

Германските гиганти ја заобиколија Македонија: БМВ, Мерцедес,…

Егзодус на германските компании: BMW, Henkel и…

Германија нуди еден милион евра за инфромации…

Федералната влада во Германија нуди награда од…

Германија размислува да ги повлече своите златни…

Во Германија, повиците за повлекување на златни…