Г.Г. Стефан: Господ да ни подари мудрост и сила да ја сочуваме и оправдаме жртвата на Гоце Делчев за слободна и достоинствена Македонија
Со молитвен помен го одбележуваме роденденот на незаборавниот Гоце, бројните запсии сведочат дека Гоце уште од детството бил со исклучителен карактер и благ нарав, истакна денес поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, на панихидата по повод 154 години од раѓањето на Гоце Делчев.
– И да се родел во мирнодопски времиња сигурно животот би го поминал во борба за македонштината. За жал се родил во ропски услови, мисијата на Гоце била да повика кон својот народ, „не плашете си од нив, спомнете си за Господ, кој е величествен и влева почит“. Она кон коешто Гоце повикувал, самиот го правел со исклучителна храброст, за што го положил и сопствениот живот на само 31 година, нагласи Г.Г. Стефан.
– Бог нека го прими Гоцета во своите вечни живеалишта, а нам нека ни подари мудрост и сила да ја сочуваме и оправдаме жртвата Гоцева и на сите коишто своите животи ги положија за слободна и достоинствена Македонија, заврши Г.Г.Стефан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…
Божјата љубов кон нас се покажа во…