Одморот во Грција станува луксуз – oва е причината
Одморот во Грција оваа година ќе биде поскап, откако на сила стапи новиот закон за изнајмување недвижности, кој директно ги зголемува трошоците за сопствениците на туристички апартмани. Според проценките од терен, цените за изнајмување веќе растат меѓу 10 и 20 проценти, што ќе го почувствуваат и туристите.
Законот, кој официјално стапи на сила на 1 октомври 2025 година, воведува задолжителна сертификација на становите за изнајмување, како и низа нови даночни обврски. Само трошоците за сертификација изнесуваат околу 600 евра по стан, а сопствениците дополнително плаќаат туристичка такса и 15 проценти месечен данок на приходот од закуп.
„Кога ќе се соберат сите давачки, на сопствениците често не им останува ниту половина од приходот“, вели Ана Павлица Мајоров, сопственичка на агенција за недвижности од Переја, во близина на Солун. Таа додава дека оние што издаваат преку платформи како Booking или преку агенции, се соочуваат со уште поголемо намалување на профитот.
Дополнителен притисок врз пазарот носи и ограничувањето според кое едно физичко лице може да изнајмува најмногу два стана. Секој што сака да издава повеќе недвижности мора да се регистрира како компанија, што носи повисоки административни и фискални обврски, особено за странски сопственици.
Покрај законските измени, цените се зголемуваат и поради растот на трошоците за одржување, енергенси и работна сила, што дополнително се прелева врз крајната цена за туристите.
Трендот го потврдува и Александар Сеничиќ, директор на Здружението на туристички организации на Србија, кој наведува дека пакетите за одмор во Грција годинава ќе бидат поскапи за 10 до 12 проценти.
Новите правила, според експертите, имаат цел да воведат ред и поголема контрола на пазарот, но истовремено го прават туристичкото изнајмување поскапо и за сопствениците и за посетителите – што отвора прашање дали Грција постепено се оддалечува од имиџот на „достапна“ летна дестинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморот во Грција станува луксуз – oва…
Одморот во Грција оваа година ќе биде…
Зеленски: САД сакаат војната да заврши до…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека САД…
Скопјанец украл 45.000 евра од фирмата каде…
Скопјанец е лишен од слобода под сомнение…
СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога…
Од СДСМ велат дека МВР денеска соопштиле…
Корејската крипто берза по грешка дистрибуираше 620.000…
Јужнокорејската берза за криптовалути Bithumb во саботата…