Вонредна состојба на денешниот лет од Скопје кон Париз – авионот пренасочен, безбедно слетал во Брисел
Авион на компанијата „Wizz Air“, кој утрово сообраќал на линијата Скопје – Париз, принудно е пренасочен кон аеродромот во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот.
Според податоците од „Flight RouteXplorer“, вонредната состојба била прогласена околу два часа по полетувањето, додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Луксембург. Станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Airbus A321neo“.
Екипажот веднаш го прекинал летот кон француската престолнина и се упатил кон аеродромот „Шарлроа“ во Брисел, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време. Платформата „Flightradar24“ исто така потврди дека авионот наместо во Париз, завршил во белгиската престолнина.
Засега нема официјални информации за причините кои довеле до прогласување на вонредната состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…