Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти “непријатели на Италија“
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди демонстрантите против Зимските олимписки игри како „непријатели на Италија“ по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано, еден од двата града домаќини на ЗОИ, и наводните саботажи на железничката мрежа во близина на Болоња во централна Италија, објавија британските медиуми.
Инцидентите се случија на првиот ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, финансискиот главен град на Италија, заедно со алпскиот град Кортина.
Мелони ги пофали илјадниците Италијанци за кои рече дека работат на обезбедување непречено одвивање на Игрите и ја покажуваат позитивната страна на Италија.
„Постојат и оние кои се непријатели на Италија и Италијанците, демонстрираат против Олимписките игри и се грижат овие слики да се емитуваат на телевизиските екрани низ целиот свет. Откако други ги пресекоа железничките кабли за да спречат заминување на возовите“, напиша утринава Мелони на Инстаграм.
„Уште еднаш, ја изразувам мојата солидарност со полицијата, Милано и сите оние чија работа ќе биде нарушена од овие криминални банди“, додаде италијанската премиерка, која ја предводи десничарската коалиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…