(ВО ЖИВО) ССМ започна со блокада на Собранието!
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утрово започна со најавените блокади.
Почна блокадата организирана од Сојузот на синдикати на Македонија заедно со работниците, пред Собранието. Блокадата се одвива пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .
По протестот кој беше организиран, од ССМ најавија блокади доколку не им бидат исполнети барањата. Први на листата за блокирање се пратениците од Собрание, за кои велат дека се глуви за работничките барања и покачување на минималната плата.
„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“, велат од ССМ.
Понатаму блокадите ќе продолжат со тоа што на 12 февруари, во четврток ќе ги блокираат работодавачите – Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Организацијата на работодавач, а на 17 февруари, следниот вторник Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…
Во насока на справување со најавените високи…